Top Sport

Фуриозен нокаут на ММА турнирот на Хабиб

Рускиот ММА фајтер во перо категорија, Георгиј Шахрурамазанов го имаше најдобриот нокаут на ЕФЦ33 настанот во Москва, првото натпреварување на организацијата откако беше преземена од УФЦ легендата Хабиб Нурмагомедов.

Во мечот со сонародникот Али Дикаев, Шахрурамазанов прво го „намести“ противникот со удар со колено, пред со удар со нога да го прати на подот по само три минути во мечот. Ова беше 10-та победа во 10 меча за Шахрурамазанов, чие видео стана атракција на социјалните мрежи.

Нурмагомедов ја формираше ЕФЦ федерацијата (Eagle Fighting Championship по неговиот прекар „орел“) во ноември, кога таа го носеше името ГФЦ (Gorilla Fighting Championship) и ова беше второ ММА шоу под негово водство по настанот во Абу Даби. Тој има сериозни планови за федерацијата коај прво ќе се обиде да ја искористи огромната публика за ММА борби во Русија.

Scroll to Top