Габи Даглас стана третиот член на американскиот олимписки тим во гимнастика кој освои злато на Олимпијадата во Лондон во 2012 година, која изјави дека била сексуално злоупотребувана од тимскиот доктор Лери Насар.
21-годишната Даглас минатата недела беше нападната откако изјави дека жените треба да „се облекуваат поскромно“ за да избегнуваат „погрешна публика“, но сега се извини за коментарите и се приклучи на колешките Ели Рајсман и Мекајла Мароуни во обвинувањата за Насар.
„Не сакав јавно да ги кажувам моите искуства и многу други работи бидејќи толку долго време не тераа да бидеме тивки, и некои работи беа екстремно болни“, напиша Даглас.
Насар беше вклучен во американскиот гимнастички тим повеќе од три децении и работеше на четири Олимпијади. Тој денеска треба да се појави на суд, откако се изјасни како виновен за поседување на детска порнографија и според најавите ќе добие затвор од 25 години како дел од спогодбата за 22 обвинувања за сексуален напад.
Случајот на Насар е дел од скандалот по кој претседателот на Американската федерација, Стив Пени си поднесе оставка минатата година, откако беше обвинет дека не ги известувал властите за обвинувањата.
Американската гимнастика во хаос – Рајсман обвини за сексуална злоупотреба