Германнецот, Венценц Гајгер, го освои златниот медал во нордиска комбинација на 24.Зимски олимписки игри.
Гајгер до златото дојде со одличното трчање во крос кантри трката на 10 километри. Претходно, натпреварот во ски скокови, на малата скокалница, го заврши на 11.место. Тој успеа да надополни заостанување од една минута и 26 секунди.
Среброто му припадна на Норвежанецот, Јорен Гробак. Тој во ски скоковите беше деветти.
Бронзата му припадна на Австриецот, Лукас Граидерер, кој натпреварот на малата скокалница го заврши на второто место.
Поради проблеми со коронавирусот, во нордиска комбинација не настапија фаворитите, Јарл Магнус Рибер од Норвешка и Ерик Френцел од Германија, инаку трикратен олимписки првак.