Во пресметка на двете први носителки, Французинкат Каролине Гарсија со 2:6/7:6(4)/7:6(4) ја победи Хрватката Дона Векиќ за своја прва титула во 2019 на Нотингем опен на тревната подлога.
Светската тенисерка број 28., Гарсија прво го комплетираше полуфиналниот триумф над Џенифер Брејди пред да го загуби првиот сет против Векиќ. Но, потоа Гарсија играше посигурно во клучните моменти за да ја освои својата седма титула во кариерата и втор трофеј на трева по триумфот во Мајорка во 2016 година.
„Навистина сум горда на оваа недела, посебно на мојата борбеност. Во првиот сет ми беше многу тешко и бев уморна, но решив дека морам да се борам до крај. Уживав во оваа победа“, вели Гарсија.