Најдобриот македонски таеквондист, освојувачот на олимписки медал, Дејан Георгиевски обезбеди борба за медал на Европските игри во Краков, Полска, откако во четвррт-финалето со 2:1 го совлада Украинецот Андриј Харбар.
Во полуфиналето во категоријата до 87 килограми, негов противник за место во финалто ќе биде Шпанецот Иван Гарсија Мартинез.