Top Sport

Георгиевски ќе го носи македонското знаме во Токио

Дејан Георгиевски, кој минатата недела, на квалификацискиот турнир во Софија избори олимписка норма, ќе го носи македонското знаме на Олимписките игри во Токио.

Оваа информација на Фејсбук ја објави неговиот тренер Дарко Костовски.

„Денеска е ден на Македонското знаме! Почитувани, со посебно задоволство сакам да ве известам дека нашиот олимпиец Дејан Георгиевски ќе биде знаменосец на Македонскиот олимписки тим на олимписките игри во Токио“, објави Костовски.

Георгиевски е првиот во историја на македонското таеквондо кој успеал да обезбеди олимписка норма.

Во Софија доминираше во категоријата до 87 килограми, а нормата ја избори со убедливата победа 13:6 над актуелниот олимписки шампион Радик Исаев од Азербејџан.

Георгиевски е вториот втор спортист од Македонија со обезбедена олимписка норма, претходно тоа го направи борачот Могамедгаџи Нуров.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23.јули до 8.август.

Фото/mok.org.mk

Scroll to Top