Германката Јулија Гергес се врати од 2:5 негатива во првиот сет за да ја совлада Американката Коко Вандевеге со 7:5/6:1 во финалето на ВТА Елит трофејот во Жухаи, Кина, освојувајќи ја титулата за најдобрите топ 20 тенисерки кои не учествуваа на ВТА финалето во Сингапур.
Вандевеге почна фантастично, покажувајќи иста форма како во полуфиналната победа над Австралијката Ешли Барти, но при резултат од 5:3 и дозволи на 29-годишната Германка да се врати во игра. Гергес, која се квалификуваше последна за турнирот со победа на Кремљ купот пред две недели, освои седум гема во низа за да го освои сетот и да направи брејк-разлика во вториот. Вандевеге не успеа да се врати од оваа негатива и го загуби мечот за 80 минути.
Гергес со победата се искачува на 14. место на ВТА-листата и заработува 900.000 долари. Ова е четврта титула во кариерата на Германката и претставува фантастичен кам-бек по падот во формата во последните две години.
What an incredible end of the year for Goerges. Finally playing up to her talent. She is GS winning material when on pic.twitter.com/fhuxpjxcEx
— José Morgado (@josemorgado) November 5, 2017