Top Sport

Кепа наместо трансфер доби свршувачка со Мис Шпанија!

Голманот на Челси, Кепа Аризабалага чекаше договор до последната минута од преодниот рок за да замине од клубот, но наместо тоа доби друг „договор“, потврдувајќи ја својата свршувачка со девојката Андреа Мартинез, Мис Универзум Шпанија за 2020.

27-годишниот голман ја потврди врската со 30-годишната шпанска манекенка во јануари оваа година. Покрај тоа што учествуваше на изборот за Мис Универзум, Мартинез е поранешна кошаркарка, која играла за младинските репрезентации на Шпанија.

Кепа беше на клупата на сите пет меча од Премиерлигата оваа сезона, навикнувајќи се на живот како голман број 2 во клубот зад Едуар Менди. Тој беше поврзуван со трансфер во Наполи во текот на летото, но на крајот остана на „Стемфорд Бриџ“.

Scroll to Top