Преодниот УФЦ шампион во лесна категорија, Џастин Гетџи ја продолжи „војната“ со зборови со Конор Мекгрегор потсмевајќи се дека е на „колена“ молејќи се за борба за титула.
Гетџи се промовираше во прв кандидат за трофејот на Хабиб Нурмагомедов, откако доминираше во бруталната победа над Тони Фергусон на УФЦ 249 во саботата навечер, по што Мекгрегор изјави дека тој ќе се бори со Гетџи за титулата во јули, иако шефот на УФЦ, Дејна Вајт ја демантираше оваа вест.
Мекгрегор тврдеше дека Хабиб повторно ќе се повлече, по што му се закани на Гетџи дека ќе го „искасапи“ и ќе направи „ланче од неговите заби“. Гетџи одговори со потсмев дека Мекгрегор веќе ја загубил својата моќ за привлекување на публика.
„Нели е иронично што овој човек сега е на колена. Внимавај, Конор Мекгрегор, го губиш сјајот. Дастин Поаире е тука и чека да те суреди“, му напиша Гетџи на Мекгрегор.