Top Sport

Гимнастичарката која ги скрши нозете се побуни: Мојата несреќа не е ваша забава!

Американската гимнастичарка Саманта Серио, која ги скрши двете нозе на регионално натпреварување во САД побара нејзините следбеници на социјалните мрежи да престанат да го споделуваат видеото на нејзината страшна повреда, бидејќи тоа ја приморува повторно да ги преживува моментите.

22-годишната Серио на Инстаграм прати емоционална порака, велејќи дека многубројните фотографии и видеа на нејзиниот катастрофален доскок ја прават да се чувствува како „повторно да се повредува“.

„Тие кои постирате и ме тагирате во видеото со мојата повреда, ве молам сопрете. Беше доволно страшно што поминав низ болката и видов во живо како моите колена се превртуваат неприродно, но не е океј повторно да го гледам тоа. Имам семејство, пријатели и колешки кои немаат потреба повторно да гледаат како се повредувам. Мојата болка не е ваша забава“, напиша Серио.

Серио се натпреваруваше на регионалното колеџ-натпреварување во Батон Руж, Луизијана минатата недела кога се повреди. Во понеделникот таа беше на операција и се надеваше дека ќе се рехабилитира пред нејзината свадба во јуни.

Вознемирувачко видео: Гимнастичарка ги скрши двете нозе

Scroll to Top