По одложувањето на Олимпијадата во Токио барем за 2021 година, актуелната шампионка во гимнастика, американската дива Симон Бајлс воодушевува и во домашна изолација со своите рутини и невозможни работи.
23-годишната четирикратна олимписка шампионка претходно изјави дека отсуството на Олимпијада ја натерало да размислува за иднината како спортист и како личност, но таа очигледно не сопира со неверојатниот тренинг-режим и во домашни услови.
Во последното видео, таа прави предизвик на стоење на раце, оддржувајќи ја рамнотежата додека со нозете ги соблече своите тренерки, покажувајќи зошто во кариерата освои 25 златни медали на Светските првенства.
handstand challenge ??♀️ pic.twitter.com/D11uhLoG37
— Simone Biles (@Simone_Biles) April 11, 2020
Досега се сметаше дека ова е невозможно? Бајлс со нереална партер-рутина (видео)