Американската гимнастичарка Кејтлин Охаши, која стана Интернет сензација со својата рутина на партер, сега уште еднаш ги воодушеви фановите откако се соблече за „Боди ишју“ изданието на ЕСПН.
22-годишната Охаши ќе биде на насловната страница на септемвриското издание, последно во печатена форма, пред префрлањето на дигитално издаваштво.
Минатиот јануари, Охаши стана хит на Интернет со необичната рутина на партер добивајќи милиони прегледи во настапот за Универзитетот од Калифорнија, добивајќи совршена 10-ка. Експертите ја сметаат оваа рутина за една од најдобрите во историјата на колеџ-натпреварувањата.
22-годишната Охаши се сметаше за една од најталентираните американски јуниорки, победувајќи ја олимписката шампионката Симон Бајлс на Американскиот куп во 2013. Но, проблемите со повредата на грбот ја спречија да направи позначајна кариера.