Top Sport

Ѓоковиќ без борба се пласираше во четврт-финалето

Новак Ѓоковиќ, првиот носител на Мастерсот во Париз, без борба избори место во четврт-финалето. Противникот на Ѓоковиќ, Гаел Монфис, поради повреда на препоната, се повлече од турнирот.

Гаел Монфис, во претходните две рунди, одигра два тешки меч против Миомир Кецмановиќ и сонародникот Адријан Манарино. Синоќа, против Манарино, два пати побара лекарска помош. И покрај проблемите што ги имаше, Монфис со пресврт го победи Манарино.

По победата, Момфис, изјави дека ќе побара мислење од лекарите и потоа ќе реши дали ќе му се спротивстави на Ѓоковиќ. Очигледно лекарите го советувале да не излегува на теренот.

Ѓоковиќ во четврт-финалето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Камерон Нори и Тејлор Фриц.

Scroll to Top