Организаторите на Мастерсот во Монтреал рекоа дека мали се шанси Новак Ѓоковиќ да игра на овој турнир таму. АТП Монтреал започнува на 8.август, а како еден од можните учесници се споменуваше српскиот тенисер.
Сепак, директорот на турнирот, Ежан Лепиер, ја отфрли можноста српскиот тенисер да настапи во Монтреал.
„Ситуацијата е јасна – или Канада ќе ги промени правилата во врска со вакцинацијата или тој (Ѓоковиќ) ќе мора да ги засука ракавите и да ја прими вакцината. Сепак, не сметам дека ниту едно од тие две сценарија е веројатно“, изјави Лапиер за „Торонто Сан“
Жан-Ив Дукло, министер за здравство на Канада, рече:
„Правилата важат за сите. Секогаш има исклучоци, но… Правилата важат за сите“, рече тој на прес-конференција.