Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да може да влезе во САД бидејќи не е вакциниран против коронавирусот, што значи дека нема да смее да се натпреварува на УС Опен, објави сенаторот од Флорида, Рик Скот. Тој напиша дека на Ѓоковиќ нема да му биде дозволено да игра во Индијан Велс и во Мајами, но најважен е УС Опен, кој доколку победи ќе му донесе предност на Ѓоковиќ пред Рафаел Надал на вечната листа.
Ѓоковиќ испратил барање до САД за изземање, односно посебна дозвола за влез, но тоа било одбиено.
🚨 BREAKING: We have been told that @DHSgov just denied @DjokerNole‘s vaccine waiver request, making him ineligible to compete in the US next week in CA & in the @MiamiOpen. @JoeBiden must fix this NOW, grant the waiver & allow him to compete here in the states. https://t.co/TSD10yM8u6
— Rick Scott (@SenRickScott) March 3, 2023
„Штотуку ме информираа дека Министерство за домашна безбедност на САД го одби барањето на Новак Ѓоковиќ за ослободување од вакцини, што го прави неподобен за турнирите во Индијан Велс и во Мајами. Џо Бајден сега мора да го поправи тоа, да даде изземање и да му дозволи да се натпреварува во Соединетите Американски Држави“, напиша Рик Скот.
Турнирот во Индијан Велс е закажан од 6 до 19 март, додека во Мајами се игра од 19 до 2 април. УС Опен е на програмата од 28 август до 10 септември, па српскиот тенисер и неговиот правен тим ќе имаат време да се борат за настап на гренслем турнирот.