Top Sport

Ѓоковиќ добива „добри“ сигнали од Австралија

Поранешниот светски број 1, Новак Ѓоковиќ вели дека од австралиските власти добил „добри“ сигнали за можен настап на првиот гренд слем во 2023, Австралија опен во Мелбурн и покрај тоа што тој има официјално тригодишна забрана за влегување во оваа земја.

Во јануари, Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн, но визата му беше одбиена поради тоа што не е вакциниран, по што по еднонеделната легална битка со властите беше депортиран.

„Австралија… Имаме добри сигнали, но тоа е неофицијално. Моите адвокати комуницираат со властите во Австралија и со организациите кои се задолжени за мојот случај. Се надевам на одговор, било каков. Се надевам дека ќе го добијам бргу, за да можам да се подготвам за почетокот на сезоната. Јас би сакал да одам и покрај тоа што се случи оваа година. Сакам да играм тенис, бидејќи тоа е нешто што го правам најдобро. Австралија беше земјата каде што играв најдобар тенис и сега сум дополнително мотивиран“, вели Ѓоковиќ за „Блиц“.

Тој знае дека дел од неговите фанови од него очекуваат да ја бојкотира Австралија.

„Некои сметаат дека не треба да одам воопшто таму поради тоа што се случи. Но, јас никого навредив, ниту искажав некакво непочитување. Само се обиував да покажам дека за сите е потребно да има право на избор. Знаев дека ќе има последици, како тоа што не отидов во Америка. Во Австралија беше поинаку, бидејќи имав дозвола… Сега, пак чекам тааква дозвола“, додава Србинот.

Scroll to Top