Светскиот рекет број 1 Новак Ѓоковиќ се подготвува за одбрана на титулата од Мастерсот во Синсинати по освоените титули од Австралија опен и Вимблдон, со кои докажа дека и на 32 години може да доминира.
Сепак, Ѓоковиќ вели ерата во која тој, Рафаел Надал и Роџер Федерер доминират, ќе дојде крај и знае кој е еден од најсериозните кандидати да стане нов светски број 1.
„Мора да има некој. Ќе дојде време кога ќе не смени некој, но се надевам не набргу. Уште играме најдобро на најголемите турнири. Тим е тука повеќе години и најверојатно е најзрелиот од другите и со искуство на гренд слем финалињата може да биде лидер на спортот“, оценува Србинот пред настапот во Синсинати.
Тој додава дека има и други тенисери од „следната“ генерација.
„Многу од младите се високи и имаат силни сервиси што е голема предност. Рајли Опелка? Мислев дека нема да видам тенисер повисок од Џон Изнер. Со таква игра веќе имаш 3/4 од тоа што ти е потребно. Данил Медведев пак, беше силен, но оваа година покажа дека има и ментална сила. Ќе биде интересно, но и тешко против тие момци“, објаснува Ѓоковиќ.