Директорот на Австралија опен, Крег Тајли, рекол дека тоа тоа што Новак Ѓоковиќ е пријавен за настап на турнирот, не значи дека ќе игра во Мелбурн. Тајли уште еднаш потенцирал дека во Мелбурн ќе можат да играат само оние кои примиле две дози вакцина или една од производителот „Џонсон и Џонсон“.
Новак Ѓоковиќ се наоѓа на прелиминарната листа за Австралија опен. Вечера многумина ова го протолкуваа како сигурен знак дека српскиот тенисер ќе ја брани титулата во Мелбурн.
Ѓоковиќ ќе игра за Србија на АТП купот во Сиднеј. Таму неговиот настап никој не го оспорува бидејќи епидемиолошките мерки не се исти во сојузната држава Нов Јужен Велс во која се наоѓа Сиднеј и во сојузната држава Викторија во која се наоѓа Мелбурн.
Кајли рекол дека прелиминарниот список не е конечен.
„Прелиминарната листа не е обврзувачка и не кажува точно кој се ќе биде во главната ждрепка, која не очекува за неколку недели“, рекол Тајли.
Директорот на Австралија опен верува дека 95 отсто од тенисерите се вакцинирани, што бил голем напредок во однос на бројката која била пред шест месеци.