Top Sport

Трипие: Иднината ми е во рацете на Тотенхем

Десниот бек на Тотенхем, Керан Трипие, изјавил дека неговиот клуб го знае одговорот на прашањето каде тој ќе игра наредната сезона. Измнатите недели името на овој фудбалер се поврзува со неколку екипи надвор од Англија.

Керан Трипие одигра брилијантно на Светското првенство во Русија, каде со Англија го освои четвртото место. Сезоната не беше премногу добра, бидејќи имаше проблеми со повредите. Сепак во финишот на сезоната им помогна на Тотенхем да стигнат до финалето во Лигата на шампионите.

„на знам што ќе се случува, одам дома да минам малку време со семејството и да закрепнам од долгата и напорна сезона. Јасно е дека Тотенхем е добар клуб за мене, но јас сега планирам да уживам во летниот одмор, потоа ќе се вратам за подготвките, а во меѓувреме че бидам во контакт со мојот менаџер. Прочитав многу шпекулации околу мојата иднина, кои зборуваат дека нема да бидам овде. Ќе видиме што ќе се случи“, рекол Трипие.

Најголем интерес за услугите на десниот бек покажуваа Наполи и Атлетико Мадрид, но негова желба е да остане во Премиер лигата.

„Јас сакам да останам, но не се прашувам многу? Ќе видиме што ќе се случи и што сака клубот, тоа е најважно“, заклучил Трипие.

Scroll to Top