Top Sport

Ѓоковиќ го декласира Пуи за полу-финале во Токио

Новак Ѓоковиќ избори пласман во полу-финалето на АТП турнирот во Токио. Најдобриот во светот го декласира Лука Пуи за 50 минути игра со 6/1, 6/2.

Ѓоковиќ одигра совршен меч против индиспонираниот Пуи. Го отвори со брејк во првиот гем, а потоа за 21 минута го доби првиот сет. По 15 минути игра во вториот сет резултатот беше 4:0 за Ѓоковиќ. Пуи потоа доби два гема, за потоа Србинот да возврати со брејк, кој веднаш потоа го потврди со добри сервиси.

Ѓоковиќ во полу-финалето ќе игра против победникот од дуелот помеѓу Давид Гофан и Хјеон Чунг.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');