Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ја започна 269 недела на првото место на АТП-листата. Ѓоковиќ на вечната листа го мина Џими Конорс и сега се наоѓа на четвртото место. Пред Ѓоковиќ се Иван Лендел (270), Пит Сампрас (286) и Роџер Федерер (310).
Ѓоковиќ до крајот на овој месец ќе се искачи на третата позиција, пред Лендел, бидејќи сигурно до крајот на овој месец ќе биде број 1.
Ѓоковиќ на најновата АТП-листа има 9.865 бода, само 640 повеќе од Рафаел Надал. Шпанецот во блиска иднина сигурно ќе го престигне Ѓоковиќ на врвот.
На третото место е Федерер (7.130 бодови), зад него се Данил Медведев (5.235) и Доминик Тим (4.575).