Top Sport

Ѓоковиќ го напушта Монако, се сели во прекрасен дом во Марбелја

Српскиот таблоид „Информер“ тврди дека Новак Ѓоковиќ решил од оваа есен официјално да се пресели во Марбелја, Шпанија, поради образованието на неговите деца, Стефан и Тара.

Светскиот број 1 повеќе од една деценија изнајмуваше дом во Монте Карло, а од 2020 година има дом во Андалузија, каде што сега според изворите на весникот, ќе живеат постојано од есента. Покрај образованието на шестгодишниот Стефан и тригодишната Тара, во Марбелја живее поголемиот дел од неговото семејство – братот Марко работи на академијата на Пепе Имаз како тренер и живее во Шпанија со неговата сопруга Лета, додека помладиот брат Марко исто така живее на југот на Шпанија.

Куќата во која ќе живее српскиот тенисер има вредност од 6.4 милиони евра, и за него се пишуваше и пред една година. Пред да го купи домот, тој го изнајмувал за 10.000 евра месечно.

Како изгледа прекрасниот нов дом на Ѓоковиќ погледнете на линкот подолу.

Новак купи „дворец“ во шпанска Марбеља од 10 милиони евра (галерија)

 

Scroll to Top