Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со вечерашниот настап против Гаел Монфис на турнирот во Мадрид потсети на своите најдобри денови. Тој го доби мечот со 2:0 во сетови (6:3, 6:2) и го задржа максималниот ефект (18:0) во дуелите со искусен француски тенисер.
Оваа победа е многу важна за Ѓоковиќ затоа што со неа го задржа првото место на АТП листата и за наредната 369. недела која ќе биде објавена на 9. мај.
Данил Медведев не учествува на турнирот во Мадрид, не може да освои нови бодови, но за да остане на врвот, Ѓоковиќ мораше да победи барем еден меч во Мадрид, што му успеа вечерва.
На Ѓоковиќ му требаат уште осум недели да стигне до легендарната Штефи Граф, која се уште е апсолутна рекордерка, со 377 недели на врвот, ако се сметаат и машката и женската конкуренција.