Top Sport

Ѓоковиќ го победи Зверев, но во финалето ќе игра Крајиновиќ

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ го победи Александер Зверев со 4:0/1:4/4:2, но не успеа да се пласира во финалето на сопствениот егзибициски турнир „Адрија тур“ во Белград, каде што ќе игра Филип Крајиновиќ, човекот кој го победи во првиот меч во саботата.

Крајиновиќ ја оствари својата втора победа денеска, над српскиот сонародник Виктор Троицки со 4:0/4:3 (5) за да го обезбеди првото место во групата А и сега го чека противникот во вечерното финале кое ќе биде познато по дуелот меѓу Григор Димитров и Доминик Тим. Во третиот денешен меч, Никола Милојевиќ со 4:3(7) го победи Душан Лајовиќ.

Организаторите се надеваат дека финалето ќе биде на програмата во 20 часот, по што турнејата се сели во Задар, Хрватска, по што следуваат настапите во Сараево и во Бања Лука.

 

Scroll to Top