Top Sport

Нидерлехнер се „оправда“ со гол во 45. секунда, Аугзбург со победа (видео)

Аугзбург победи на гостувањето кај Мајнц со 1:0 во борбата за опстанок во Бундеслигата, откако Флоријан Нидерлехнер, фудбалерот кој минатата недела се правдаше за промашениот пенал со отсуство на публика, постигна гол по само 45 секунди игра, кој се покажа како доволен за победа.

Само што почна мечот, Аугзбург успеа да ја избегне офсајд-стапицата на Мајнц, а Нидерлехнер постигна ефектен гол за важни три поени за баварскиот клуб.

Со победата, Аугзбург се искачи на 13. место на табелата со 35 поени, додека Мајнц останува 15. со 31 поен, три поени над зоната за испаѓање.

Ваков изговор не сме чуле досега – утнал пенал бидејќи немало публика (видео)

Scroll to Top