Top Sport

Ѓоковиќ го „здроби“ Димитров во најдобриот меч по кам-бекот

Поранешниот светски рекет број 1 и финалист од Квинс Клаб од 2008, Новак Ѓоковиќ, конечно, имаше импресивен меч во својот кам-бек по повредите, „нокаутирајќи“ го вториот носител на елитниот турнир во Лондон, Григор Димитров со 6:4/6:1 за само 65 минути.

Ова е трето четврт-финале во низа за Србинот по Рим и Ролан Гарос и 16-та победа оваа сезона. Ѓоковиќ ја контролираше играта на сервис и на ретурн во првиот настап на Квинс Клаб од 2010 година, губејќи само 12 поени на свој сервис и правејќи три брејк-топки за да обезбеди дуел против еден од Французите, Адријан Манарино или Жулиен Бенето.

Ова беше осма пресметка на Ѓоковиќ со Димитров и седма победа за Новак, а во исто време и прва победа над топ 10 тенисер од минатиот мај.

Фото: ЕПА

Scroll to Top