Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал покажаа дека се во одлична форма пред стартот на Ролан Гарос, откако доминираа против своите противници во вечерните мечеви на Мастерсот во Рим, влегувајќи во четврт-финалето
Надал, осумкратниот шампион од Рим, во двата меча кои денеска ги одигра на „Форо Италико“ дозволи само два гема на своите противници. Откако прво со 6:0/6:1 го „здроби“ Жереми Шарди за час и седум минути, Шпанецот потроши само 62 минути за 6:1/6:0 победа над Грузиецот Николоз Басилашвили, во меч во кој загуби само осум поени на свој сервис.
Слична форма покажа и светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, кој откако по 6:1/6:3 победата над Денис Шаповалов, за само 63 минути со 6:3/6:0 го совлада Германецот Филип Колшрајбер. Сега, за Србинот останува дуел со Хуан Мартин дел Потро, кој со 6:4/6:4 го победи младиот Норвежанец Каспер Руд.