Франција ги измени правилата поврзани со социјалните активности што значи дека Новак Ѓоковиќ ќе може да ја брани титулата на Ролан Гарос. Минатата недела, се појави информацијата дека Франција донесе нов закон, според кој на невакцинираните нема да им биде дозволен пристап на сите општествени настани, меѓу кои се и спортските натпревари.
Измените ќе му дозволат на Ѓоковиќ да игра на Ролан Гарос. Српскиот тенисер не е вакциниран, но кон крајот на декември втор пат беше заразен со коронавирусот.
Што предвидуваат измените? Лицата кои во последните шест месеци го прележале коронавирусот непречено ќе можат да се движат низ Франција. Доколку нема некакви дополнителни измени, тоа значи дека Ѓоковиќ ќе може да се појави во Париз.
Ролан Гарос ќе започне на 22.мај. Ѓоковиќ на 16.декември доби позитивен тест на коронавирусот, а шест дена подоцна беше негативен.