Светските тенисери број и актуелни шампиони на турнирот, Новак Ѓоковиќ и Наоми Осака се први носители на САД опен, последниот гренд слем од сезоната, кој стартува во понеделник во Њујорк.
Трикратниот шампион од Флешинг Медоуз, Ѓоковиќ, кој пристигнува на турнирот со петта титула од Вимблдон, е прв носител пред шампионот од 2017, Новак Ѓоковиќ, додека Роџер Федерер е трет носител пред Доминик Тим, Данил Медведев и Александер Зверев. Помеѓу поранешните шампиони кај носителите се и Марин Чилиќ (2014) како 22. носител и Стен Вавринка (2016) како 23. носител.
Зад Осака, втора носителка е шампионката од Ролан Гарос, Ешли Барти, пред Каролина Плишкова и шампионката од Вимблдон, Симона Халеп. Американката Серена Вилијамс, која ќе оди на 24. гренд слем титула е осма носителка.