Top Sport

Ѓоковиќ и Тим ги „прегазија“ противниците да закажат полуфинале во Париз

Новак Ѓоковиќ стигна до своето деветто полуфинале на Ролан Гарос, откако го „збриша“ Германецот Александер Зверев во три сета, за да закаже дуел со Австриецот Доминик Тим, кој фантастичната форма на земја ја потврди со исто толку импресивна победа над Русинот Карен Хачанов.

Ѓоковиќ, кој е прв носител и светски број 1, стигна до 7:5/6:2/6:2 победа за да остане на добар пат да стане само вториот човек во историјата кој ги имал сите четири гренд слем титули кај себе повеќе од еднаш.

Четвртиот носител, Тим, пак, во второто четврт-финале кое беше одложено вчера поради дожд, го совлада 10. носител Хачанов со 6:2/6:4/6:2 за само час и 47 минути игра. Тим, кој лани загуби од Рафа Надал во финалето на Ролан Гарос, има само 2-6 скор против Србинот, но двете победи кои ги има остварено беа на земја. Ѓоковиќ го победи Тим во полуфиналето во 2016, додека Австриецот беше подобар во четврт-финалето во 2017 година. Ѓоковиќ исто така го доби и нивниот последен меч, во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид оваа година.

Во второто полуфинале пак, ќе се сретнат старите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Scroll to Top