Top Sport

Ѓоковиќ ја распамети публиката на концерт на Дино Мерлин

Овации кај публиката предивика присуството на Новак Ѓоковиќ на концертот на Дино Мерлин во Тиват. Српскиот тениски ас беше дел од публиката, а кога присутните сфатија дека меѓу нив го поздравија со огромен аплауз.

Присуството на Ѓоковиќ беше чест и за Дино Мерлин кој раскажа дека со семејството во Лондон го гледал триумфот на Србинот на последното издание на Вимблдон на кое тој стигна до 21. грен-слем титула.

„Мојата ќерка не сакаше пред почетокот да каже за кого навива, иако сите ние останатите кажавме дека навиваме за Ѓоковиќ. Дури кон средината на финалето таа се изјасни дека навива за Ноле и тоа со симпатично објаснување: „Навивам за него зашто е шампион, но пред се зашто е џентлемен“ – раскажа популарниот босански пејач поздравувајќи го Ѓоковиќ.

Scroll to Top