Иако живее во Монако, Новак Ѓоковиќ го следеше примерот на повеќе тениски ѕвезди и си купи стан во Мајами Бич за 5.77 милиони долари, јавуваат американските медиуми.
Освојувачот на 16 гренд слем титули подолго време е поврзуван со стан во 901 зградата во 87 Парк во Мајами, дизајнирана од архитектот Ренцо Пјано, а сега две години по објавата дека тој планира да купи стан во зградата, зделката е завршена преку неговиот долгогодишен менаџер Едоардо Арталди.
Се работи за стан со три спални соби, три бањи, базен и вежбална во зградата со 18 ката и 66 стана во која најскапиот стан е астрономски 68 милиони долари. Ѓоковиќ очигледно е љубител на работата на архитектот Пјано, бидејќи веќе поседува два стана на Менхетен во Њујорк во зграда дизајнирана од Пјано.
Тој на јужна Флорида ќе има тениско друштво, бидејќи во близина свои живеалишта имаат сестрите Серена и Венус Вилијамс, како и данската гренд слем шампионка, Каролине Вознијацки.
Novak Djokovic pays $6M for Renzo Piano-designed condo: The second-best tennis player in the world paid $5.77 million for his Miami Beach condo, property records reveal. Novak Djokovic’s longtime manager, Edoardo Artaldi, is listed on the deed for unit 901 at Eighty Seven Park.… pic.twitter.com/uw37S9N6w6
— Alson Realty (@alsonrealty) December 28, 2019