Top Sport

Пилотот на Емилијано Сала немал лиценца да превезува патници!

Дејвид Иботсон, пилотот на авионот со кој се превезуваше Емилијано Сала и кој падна во Ла Манш, немал лиценца да превезува патници, се вели во официјалниот извештај на Британската организација за воздушни несреќи (ААИБ).

Иботсон не ги комплетирал лекциите за ноќно летање и неговата пилотска лецанца не му дозволувала да носи патници. „Пајпер Малибу“ авионот со кој се превезуваше Сала често се користи за нелиценцирани превезувања во светот на спортот, заклучува ААИБ.

Според ААИБ, пилотот Иботсон, најверојатно страдал од труење со јаглерод-моноксид при несреќата, предизвикано од дефектниот ауспух, кој дозволувал гасот да влезе во кабината преку системот за греење.

28-годишниот аргентински напаѓач Сала леташе од Нант, Франција до Кардиф, каде што требаше да се приклучи на својот нов тим, Кардиф Сити, кога неговиот авион падн ана 21 јануари 2019. Неговото тело беше откриено, но не и на 59-годишниот пилот Иботсон.

Scroll to Top