Светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ може безгрижно да се врати на САД опен без стравувања за дисквалификација поради удирање на линиски судија, откако Американската тениска асоцијација (УСТА) потврди дека на овогодишниот гренд слем ќе има само судија на столче, додека за другите одлуки ќе биде задолжена технологијата.
Ѓоковиќ, во еден од најбизарните моменти во неговата долга и успешна кариера, лани беше дисквалификуван во мечот од четвртото коло против Пабло Карењо Буста, кога случајно ја удри линиската судијка со топче удрено во фрустрација по загубен поен. Со ова се ствари крај на низата од 29 победи на Србинот.
УСТА и ВТА и АТП потврдија дека електронскиот систем „Соколово око“ ќе се користи на сите терени на САД опен и на седум од деветте турнири од американската серија, така што на теренот ќе го има само судијата на столче, слично како на Австралија опен.
Djokovic out of US Open for striking ball at line judge? #novakđoković #novakdjokovic #Djokovic #USOpen2020 #usopen #GrandSlam #tennis #22bet pic.twitter.com/blvd3rgkKb
— 22BET (@22bet_official) September 7, 2020