Top Sport

Ѓоковиќ му се „извини“ на Федерер за финалето на Вимблдон во 2019 година

Пред утрешниот последен меч во кариерата на Роџер Федерер, на денешната прес-конференција пред Лејвер купот во Лондон имаше интересен разговор помеѓу Швајцарецот и еден од неговите најлути ривали, Новак Ѓоковиќ, во кој тема беше легендарното финале на Вимблдон од 2019 година.

Разговорот започна кога Ѓоковиќ го прашаа кој меч против Федерер му е омилениот.

„Па, би морал да го изберам моето прво гренд слем финале на САД опен во 2007 година. Тогаш загубив“, вели Ѓоковиќ.

„Ова го кажува за да биде пристоен. Фала ти Новак“, врати низ смеа Федерер, секако посочуваќи го финалето на Вимблдон во 2019.

„Тоа беше мое прво финале и беше нешто што не може да се повтори. Прв меч кој ми даде верба дека можам да играм на тоа ниво. А, да, тука е и финалето од Вимблдон од 2019. Извини, Роџер“, врати Ѓоковиќ.

„Што се случи таму? Тоа го блокирав од моето сеќавање“, врати Швајцарецот.

Во 2019 година, Федерер во своето последно гренд слем финале, успеа да пропушти две меч-топки, пред да загуби во маратон од пет часа од Ѓоковиќ.

За тие кои го пропуштија тоа – еве кратко видео.

Scroll to Top