Top Sport

Усик за Џошуа: Си помислив, каква кутра будала

ВБА, ВБО и ИБФ шампионот во тешка категорија, Украинецот Олександер Усик го опиша својот претходен ривал, Ентони Џошуа како „кутра будала“, откако Британецот бизарно се однесуваше по вториот пораз од Усик минатиот месец, фрлајќи ги шампионските појаси надвор од рингот, одбивајќи да се ракува со него, за потоа да се врати во рингот и да има неразбирлив говор.

Усик веднаш по мечот не реагираше на однесувањето на британскиот ривал, но сега, со слегнувањето на „прашината“, реши да каже што навистина мисли.

„Си помислив: ‘Каква кутра будала’. Ме потсети на мало дете кое сака да игра со топка, но откако му ја земаа, реши да ја фрли кај соседите“, изјави 35-годишниот Усик.

И покрај ова, 32-годишниот Џошуа најверојатно ќе добие шанса за освојување на ВБЦ титулата на Тајсон Фјури откако се преговара за богат меч меѓу двајцата Британци.

Scroll to Top