Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ е познат по својата љубов кон некои необични светогледи, од друштвото со гуруто Пепе Имаз, до исхраната без глутен, преку тврдењата дека водата може чудесно да се прочистува, така што не чуди што тој ја честиташе Среќна нова 7.530 година.
На Инстаграм, светскиот рекет број 1 порача:
„Среќна нека вие новата 7.530 година. Денеска почнува летото. Нашиот календар го прати биолошкиот ритам на Земјата. Годината се делела на два дела, лето од Ѓурѓевден до Митровден, период на раст на вегетацијата и животот на овие простори. Годината имаше 13 месеци по 28 дена, а секој месец имаше по четири недели, секоја недела имаше по седум дена, како што се движат месечевите дена. На споменикот на царот Лазар, деспортот Стефан Лазаревиќ, стои дека Косовската битка се одвивала во 6897. година. Календарот се сметал од денот кога светот го направиле боговите: Перун, Сварог, Стрибог, Црнобог, Триглав, Дајбог, Јаровид, Световид, Морана, Весна и Мокоша“, напиша Ѓоковиќ.
Ете така!