Top Sport

Ѓоковиќ: Новата генерација доаѓа, но јас не се плашам

Новак Ѓоковиќ во последните шест месеци покажа дека уште е најдобриот тенисер на светот, враќајќи се на првото место на АТП листата по освојувањето на својата 22. гренд слем титула во Австралија.

По победата над Талон Грикспор во второто коло во Дубаи и изјави дека знае дека новата генерација предводена од Карлос Алкараз, Стефанос ЦИципас и Данил Медведев се заканува да го симне од тронот, но додава дека не се плаши од предизвикот.

„Новата генерација доаѓа, но јас не се плашам. Моето ниво денеска беше далеку подобро од првиот меч во Дубаи, но секој ден е нов ден, нова шанса и задоволен сум од формата. Одиме понатаму како и досега“, изјави Ѓокови.

Scroll to Top