Top Sport

Страотен пад на Превц на Планица! Имаше среќа што остана жив!

Петер Превц, еден од најдобрите словенечки скокачи во историјата, денеска преживеа застрашувачки момент на големата леталница во Планица, каде што на тренингот пред Светското првенство, имаше застрашувачки пад, кој за среќа го помина без посериозна повреда.

„По медицинскиот третман на Планица, Петер Превц беше пренесен со хеликоптер во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана. За среќа, тој доби само модринки и мал потрес на мозокот и останува во болница за да се надгледува неговата ситуација“, се вели во соопштението на Словенечката скијачка федерација.

Тренерот на словенечкиот тим, Роберт Хргота беше видно вознемирен по падот на својот скокач.

„Се откачила скијата, зошто уште не знаеме, и тоа не го менува фактот што тој падна. Се надевам дека ќе биде добро. Никој не сака да гледа вакви работи“, изјави Хргота.

30-годишниот Превц е поранешен освојувач на светскиот куп (2015/16) и на 4 Скокалници (2015), освојувач на 23 победи во Светскиот куп и поранешен светски шампион во скијачки летови.

Scroll to Top