Top Sport

Клубот му верува, сопругата не! Хиба Абук бара развод од Хакими

Шпанската актерка, Хиба Абук побарала развод од сопругот, ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Ашраф Хакими, тврдат шпанските медиуми, откако во текот на викендот, Мароканецот (кој е роден во Шпанија), беше обвинет за силување на 24-годишна жена во неговиот дом во Париз.

Според „Марка“, Хакими почнал да се допишува со наводната жртва преку социјалните мрежи на 16 јануари, по што ја поканил во својот дом на 25 февруари, во момнт кога сопругата Хиба и нивните две деца биле надвор од Париз. Адвокатот на Хакими целосно ги отфрли обвинувањата и посочи дека Хакими е достапен за француските власти, додека од Пари Сен-Жермен решија да му веруваат и тој да остане во првиот тим.

Scroll to Top