Top Sport

Ѓоковиќ по победата над Руне: Знам како да се изборам со публиката

Новак Ѓоковиќ со победа во четири сета го започна походот на календарскиот Гренд слем. Првиот носител на Ју-ес опен, со многу осцилации во играта, успеа да го победи Норвежанецот, Холгер Руне со 6/1, 6/7, 6/2, 6/1.

Мечот траеше два часа и 16 минути. Ѓоковиќ во првиот меч, како и многу пати досега ја имаше и публиката против себе.

„Не слушнав, навистина не знам што викаа. Мислев дека само ми свиркаат. Не знам, за мене не беше идеална атмосфера. Во кариерата многу пати сум играл кога публиката била против мене, знам како да се изборам со тоа“, изјави Ѓоковиќ, а потоа го коментираше мечот.

„Тешко е да се коментира третиот и четвртиот сет, бидејќи тој едвај се движеше. Јас добро тргнав, одлично играв во првиот сет. Се одеше добро, но потоа не можев да го погодам првиот сервис. Процентите бае лоши, а Руне играше добро, секоја чест за начинот на кој се бореше. И публиката беше на негова страна. Тој го играше првиот меч овде, а јас имам многу искуство. Сепак ми беше тешко. Задоволен сум од резултатот, но борбата не беше фер, тој беше повреден. Тешко е правилото да не може да земе медицински тајм-аут. Проблемите со грчевите се тешки“, заклучил Ѓоковиќ.

Во второто коло Ѓоковиќ ќе игра против Холанѓанецот Талон Грикспур.

Scroll to Top