Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ по олимпиското „фијаско“ во Токио, каде што загуби во борбата за бронза во сингл и воопшто не се појави во борбата за бронза во мешани двојки, има нова цел – Олимпијадата во Париз за три години.
Ѓоковиќ имаше шанса да го повтори успехот на Штефи Граф од 1988, таканаречениот „златен слем“ со четирите гренд слем титули и со злато од Олимпијадите, но наместо тоа добивме нервоза на теренот, кршење рекети (во олимписките кругови) и разочарување.
Сепак, 20-кратниот гренд слем шампион не се откажува од олимпискиот сон.
„Беше вистинска привилегија да се претставува Србија на Олимпијадата. Благодарам Токио 2020 и сите кои помогнаа. Дадов се од моето срце за медал, и ќе се вратам посилен во Париз во 2024 година“, вели Ѓоковиќ преку социјалните мрежи.
It was a true privilege to represent #SRB at the Olympics. Thank you #Tokyo2020 and everyone that helped us come together for the magic of sport. I know in my heart I gave it everything to fight for a medal, and I’m looking forward to coming back stronger at #Paris2024. #tennis pic.twitter.com/6cCpJh4uTK
— Novak Djokovic (@DjokerNole) August 4, 2021