Top Sport

Ѓоковиќ по „војната“ со фановите повторно во финалето на Вимблдон (видео)

Новак Ѓоковиќ ќе ја брани својата титула од Вимблдон, откако успеа да го совлада упорниот Шпанец Роберто Баутиста Агут со 6:2/4:6/6:3/6:2 во меч одбележан со неговата лутина откако навивачите на „Централниот терен“ очигледно се ставија на страната на Шпанецот.

Ѓоковиќ рутински го освои првиот сет од мечот со 6:2, но во вториот Баутиста Агут покажа дека не е случајно во полуфиналето на Вимблдон, успевајќи да направи клучен брејк и да го земе сетот, по што Србинот саркастично реагираше на поддршката која ја доби неговиот противник.

Ова како уште повеќе да го мотивираше светскиот број 1, кој ги освои следните два сета релативно лесно и стигна до своето шесто финале на Вимблдон, каде што ќе ја брка петтата титула на турнирот и вкупно 14. гренд слем титула.

Сега и тој може опуштено да го следи мега-полуфиналето помеѓу Роџер Федерер и Рафаел Надал за да го дознае својот противник за финалето.

Scroll to Top