Top Sport

Сега е и официјално – Венеција во Серија Б, Палермо во Серија Д!

Клубот на македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски, Палермо и официјално испадна во Серија Д, откако нивното место во Серија Б беше преземено од Венеција, иако овој клуб испадна од лигата минатата сезона.

Федералниот совет на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) официјално ја донесе оваа одлука во петокот по совет на надзорниот одбор, и официјалното објаснување е дека Палермо „не се административно прикладни“ за Серија Б.

Клубот од Сицилија не се регистрираше на време за настапи во Серија Б, откако не успеа да обезбеди финансиски доказ до лигата, откако новите сопственици на клубот тврдеа дека се измамени од својот брокер и од бугарска осигурителна компанија.

Палермо сега ќе мора да стартува од Серија Д како аматерски клуб, а во Италија се шпекулира дека сопственикот на Сампдорија, Масимо Фереро ќе биде човекот кој ќе го преземе клубот.

Бугарски измамници ќе го пратат Палермо во Серија Д!

Scroll to Top