Top Sport

Ѓоковиќ полета кон Токио по златниот медал

Новак Ѓоковиќ на аеродромот „Никола Тесла“, пред заминувањето за Токио, одржа прес конференција. Најдобриот во светот е најголемиот фаворит за освојување на златниот медал на тенискиот турнир во Токио. Ѓоковиќ во Токио ќе се обиде да го освои трофејот кој му недостига во кариерата. Досега на ОИ тој има една бронза од 2008 година.

„Подготвен сум да одиграм најдобро што можам. Нема поголема чест од играњето за својата земја. Тоа се најубавите моменти што може да ги доживее еден спортист. Имав среќа да го освојам Девис купот, се уште нема олимписко злато“, рекол Ѓоковиќ и дополнил.

„Не е тајна дека ќе се обидам да го освојам златниот медал. Тоа е голема цел, голема амбиција од почетокот на сезоната – четири Гренд слема и златен медал на ОИ“.

Спрскиот тенисер ги посочил конкурентите во Токио.

„Некои играчи од самиот врв го откажаа настапот, но останатите ќе играат. Би ги издвоил Медведев, Циципас и Зверев. Ќе биде тешко да се дојде до финалето. Игрите носат притисок и многу емоции. Се и сешто може да се случи. Овој турнир се разликува од останатите во сезоната“, заклучил Ѓоковиќ.

Scroll to Top