Top Sport

Кој ќе освои најмногу медали во Токио?

Компанијата „Грејсноут“, потпирајќи се на податоци со кои располага, ја објави прогнозата за претстојните Олимписки игри во Токио. Според „Грејсноут“, најмногу медали во Токио ќе освојат САД, Русија и Кина. Во првите 30 нема ниту една држава од регионот.

„Грејсноут“, прогнозира дека САД ќе освојат 96 медали, 25 помалку од претходните ОИ во Рио де Жанеиро. Прогнозата вели дека Американците ќе освојат 40 златни, 27 сребрени и 29 бронзени медали.

Следува Русија со 68 медали (21/26/21) и Кина со 66 (33/11/22).

Во првите десет ќе бидат Јапонија, 60 медали, Велика Британија, Холандија, Франција, Италија, Австралија и Германија.

Scroll to Top