Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ официјално соопшти дека ќе настапи на ОИ во Токио, а според тоа кој се нема да биде дел од Олимпијадата, сугурно дека тој ќе е главен фаворит за златото.
Во Токио ќе ги нема Федерер, Надал, Тим, ќе недостасуваат добрите сервери Иснер, Фриц и Опелка, незгодниот Баутиста-Агут и Дејвид Гофан.
Противници на Србинот ќе му бидат Зверев, Циципас и Медведев, кој ќе дебитира на Олимпијада.
Во Токио ќе настапи и финалистот од Вимблдон, Метео Беретини, а ќе се обиде да им ги помати сметките и Русинот Андреј Рубљов.
За да ја комплетира збирката на највредни трофеи на Новак Ѓоковиќ му недостасува уште златниот медал од ОИ.
Жребот за тенискиот турнир ќе се одржи на 22 јули, а натпреварите ќе бидат од 24. јули до 1. август.