Новак Ѓоковиќ се пласираше во четврт-финалето на Дубаи шампионатот, откако го издржа камбекот на Карен Хачанов, за со 6:3/7:6(2) да го совлада Русинот во својот втор меч во 2022 година по целиот австралиски скандал.
Првиот носител на турнирот, така осигура дека останува во трка да го заддржи првото место на АТП листата пред друг Русин, Данил Медведев, кој оваа недела игра во Акапулко.
Во првиот сет, Ѓоковиќ едноставно стигна до предност со брејк во четвртиот гем за 3:1, за да го освои сетот по нешто повеќе од половина час. Меѓутоа, во вториот сет, иако повторно имаше предност од 2:1 со брејк, Хачанов се врати на 4:4, за да примора тај-брејк, во кој пак, освои само два поени. Мечот траеше час и половина.
Следен за Ѓоковиќ е Чехот, Јиржи Весели, кој со 6:2/6:4 го елиминираше осмиот носител на турнирот Роберто Баутиста Агут.
A brilliant match and a brilliant win for Novak! ? #DDFTennis #ATP @ATPTour pic.twitter.com/SLvrDycgwB
— Dubai Tennis Champs (@DDFTennis) February 23, 2022