Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на домашниот Србија опен, откако се врати од сет негатива за 4:6/6:3/6:3 победа над сонародникот Миомир Кецмановиќ.
За Ѓоковиќ ова е втора победа над Кецмановиќ во четврт-финалето во Белград по минатата сезона, но повторно се намачи како во второто коло против Ласло Ѓере, губејќи го првиот сет. Во полуфиналето, Ѓоковиќ ќе игра со подобриот од мечот помеѓу Карен Хачанов и Тијаго Монтеиро.
Кецмановиќ направи брејк во третиот гем од првиот сет, за да го комплетира сетот по 50 минути. Но, Ѓоковиќ се врати со брејк во осмиот гем од вториот сет за да направи предност која ја искористи за израмнување, пред со уште еден брејк во последниот сет да ја комплетира победата.
Sealed in style! ?
The moment Belgrade rose to its feet as @DjokerNole overcame a spirited Kecmanovic…#SerbiaOpen pic.twitter.com/IF6AdJk3Gl
— Tennis TV (@TennisTV) April 21, 2022