Новак Ѓоковиќ без мака влезе во четврт-финалето на САД опен, откако со 6:3/6:4/6:3 го „збриша“ Португалецот Жоао Соуса и сега го чека вечниот ривал Роџер Федерер меѓу најдобрите осум на Флешинг Медоуз.
Шампионот од Вимблдон за нешто повеќе од два часа го совлада 55. тенисер на светот, Соуса, за сега да го чека подобриот од дуелот на Федерер со Австралиецот Џон Милман.
Во четврт-финалето е и Јапонецот Кеи Нишикори, откако со 6:3/6:2/7:5 го совлада германскиот ветеран Филип Колшрајбер.
Кај дамите, минатогодишната финалистка, Американката Медисон Киз со 6:1/6:3 ја збриша Доминика Цибулкова, а Јапонката Наоми Осака ја прекрати одличната низа на Арина Сабаленка, победувајќи ја Белорусинката со 6:3/2:6/6:4.
Фото: ЕПА